Skip to main content

Author: Angela Shutinovska

Регулација, иновација и доверба: Каде се движи вејпинг индустријата?

Последнава деценија, светот сведочи на брза експанзија на вејпинг индустријата – иновативни производи кои првично се појавија како алтернатива за пушачите, а денес прераснува во глобален пазар вреден милијарди долари. 

Според истражувањата, повеќе од 80 милиони луѓе ширум светот користат електронски цигари, а растот се должи и на разновидната понуда на вкусови, поддршка во програмите за откажување од тутун и маркетингот ориентиран кон модерен животен стил и иновација.

Современите уреди за вејпинг вклучуваат три клучни компоненти: батерија, грејач (атомизатор) и е-течност. Кога корисникот вдишува, грејачот ја испарува течноста која потоа се вдишува како аеросол. 

Првите концепти за електронски уреди датираат од 1960-тите, но вистинскиот комерцијален пробив се случува во 2003 година, благодарение на кинескиот фармацевт Хон Лик.

Што ги привлекува луѓето кон вејпингот?

Она што го издвојува вејпингот не е само технологијата, туку и искуството односно можноста сам/а да избереш вкус, јачина на никотин, па дури и боја на уредот. 

Некои од најчестите причини зошто луѓето се одлучуваат да се префрлат на вејпинг се:

  • Помалку штетни супстанции,
  • Контрола врз дозата на никотин,
  • Помал ефект врз околината и луѓето околу,
  • Подобрена орална хигиена и отсуство на трајни мириси.

Дали има негативни страни?

Како и секоја технологија која постојано се развива, културата на вејпингот носи свои предизвици. Никотинот, иако присутен во значително помали количини, сè уште може да создаде зависност. Неконтролираното користење, особено кај млади лица, може да има последици. 

Дополнително, на пазарот постојат и производи со сомнителен квалитет,  што го прави изборот на реномиран бренд исклучително важен.

Шведска и Нов Зеланд како позитивен пример 

Скандинавската земја е пример за строга, но балансирана политка кон вејпингот. Во Шведска, само 92.200 лица (1.1% од возрасното население) користат електронски цигари – една од најниските стапки во Европа според инофрмациите од Fresor Tech. Корисниците под 18 години, а во некои земји и под 21 година, не смеат да купуваат или користат никакви вејп производи, а пушењето во сите затворени јавни простории е забрането, вклучувајќи ресторани, барови и јавен превоз.

Покрај Шведска, Нов Зеланд бележи драматичен раст на дневниот вејпинг од 3.5% во 2019/20 до 11.1% во 2023/24, што значи околу 480.000 дневни корисници според истражувањата од phcc.org.nz

Новите модели на вејпови се паметни уреди дури некои од нив со автоматско исклучување, други со дисплеј кој покажува колку вдишувања сте направиле во текот на денот. Технологијата е сè понапредна, но истовремено и поедноставена за користење, што ги прави овие уреди пристапни и за нови и за искусни корисници.

Но и покрај разликите во пристапот, и Шведска и Нов Зеланд покажуваат дека кога вејпингот е регулиран со јасни политики, транспарентни стандарди и информирана јавност, тој може да придонесе за значајно намалување на бројот на традиционални пушачи. 

Шведска, со својата долгорочна стратегија и строго контролиран пазар, денес важи за првата „smoke-free“ земја во Европа, додека Нов Зеланд, преку своите образовни кампањи и законска легислатива, активно ја користи оваа алтернатива за поддршка на националната цел за генерација без тутун. 

Што може да научиме од позитивните примери за веродостојни брендови?

Двете држави покажуваат дека успехот лежи во одговорниот избор на производи и информираната потрошувачка. Токму затоа, на македонскиот пазар, Evapify се наметнува како водечки бренд во кој потрошувачите можат да имаат целосна доверба, благодарение на безбедноста, квалитетот, технолошкиот напредок и јасната посветеност на транспарентност и задоволство на корисниците.

На македонскиот пазар постои бренд кој ветува квалитет, стил и сигурност – Evapify. Со внимателно селектирана понуда на вејпови и е-течности, Evapify се позиционира како избор број еден за оние кои сакаат современо, практично и безбедно искуство.

Она што ги издвојува?

Минималистички дизајн, лесна употреба, богата палета на вкусови и тестирани производи кои се во согласност со европските стандарди. 

Повеќе за брендот, како и за целата понуда, можете да најдете на evapify.com 

5 практични совети како да уживате на летниот одмор, а притоа да заштедите

Летото нуди безброј можности за одмор, уживање и бегство од секојдневните обврски. Но, одморот покрај море или езеро не мора да биде луксуз кој ќе го почувствувате врз сопствениот буџет. Со внимателно планирање и избор на вистинската опрема, секој ден поминат на плажа може да биде пријатен, функционален и  значително поекономичен.

Во продолжение ви претставуваме неколку практични совети како да создадете идеално летно доживување, а притоа да ги намалите непотребните трошоци.

1. Сопствени лежалки за плажа

Изнајмувањето лежалки на плажа најчесто претставува непотребно висок трошок. Наместо тоа, овој одмор размислете за купување на сопствена лежалка, која нуди стабилност и комфор, а лесно се поставува на било која подлога. На овој начин, ќе си овозможите удобност во текот на цело лето, без да одвојувате голем дел од предвидениот буџет за уживање на плажа.

2. Опрема за заштита од сонце 

Заштитата од сончевите зраци е неопходна, особено во екот на летната сезона. За да ја избегнете гужвата под природните сенки или да плаќате скапи чадори на плажа, понесете сопствен чадор за сонце или уште подобро, доколку имате мали дечиња, обезбедете си  шатор  за поголема приватност и заштита од сончевите зраци.

3. Практични столици за секоја локација

За да уживате целосно во природата, може да понесете расклопливи столици, кои се лесни за транспорт и поставување. Тие претставуваат одлично решение за повеќекратна употреба, доколку одите на плажа, излет или семеен собир.

4. Ладни пијалаци каде и да одите

За да не бидете приморани да ги користите услугите од продавниците и баровите на плажа кои често имаат повисоки цени за пијалаци и храна, со пренослив фрижидер , можете однапред да спакувате вода, сокови, свежо овошје или сендвичи и да уживате во ладно освежување под сонцето, без да потрошите значително повеќе средства.

5. Детали кои ја прават атмосферата

Летото е уште поубаво кога можете да ги понесете со вас личните ритуали за уживање. За некои тоа е добра книга, за други омилената музика или игри за забава. Она што е важно е секако вашето уживање да не пречи на луѓето околу вас. Токму затоа, за луѓето со современи и алтернативни навики, тука се  Crystal уредите од Evapify, стилски, суптилни и секогаш идеални за на плажа, но и за секојдневна употреба.

Еден од клучните чекори кон паметно летување е добрата организација. Креирајте сопствена листа на неопходни предмети и спакувајте ги навреме, за да избегнете непотребни трошоци во случај да ги заборавите дома. Кога сте подготвени, ви останува само да уживате.