Must have гаџети за твоите урбани авантури
Конечно летото пристигна. Деновите се подолги, температурите повисоки, а ти веќе сигурно имаш испланирано неколку летни авантури. На викенд во Охрид, егзотична дестинација или пак авантура на море, каде и да одиш, планирањето бара добра организација и соодветна опрема која ќе го направи твоето патување уште посигурно.
Покрај пакувањето, резервациите и патниот план, има барем неколку практични гаџети што секогаш ги забораваме. Токму затоа ти подготвивме кратка листа на урбани гаџети што го прават патувањето поудобно, полесно и попаметно.
Мини power bank што го собира и во најмалата чанта
Колку и да е добар твојот паметен телефон, кога си во движење и постојано го користиш, реалноста е дека батеријата брзо се троши. Кога си во движење, користиш мапа, сликаш, снимаш, пушташ музика, праќаш пораки… и одеднаш си на 12%. Затоа, за да бидеш постојано достапен, оваа авантура понеси со себе power bank од 10.000 mAh. Ова е must have gadget. Зошто? Затоа што може да го собере и во најмала чанта, а ќе ти го спаси денот.
Безжични слушалки
Без музика, ниедно патување не е исто. Затоа, наша искрена препорака каде и да патуваш се безжичните слушалки со noice cancellation кои ти овозможуваат да уживаш во омилените песни додека го истражуваш градот, се возиш во автобус, воз или авион. Дополнителна причина зошто ова да е на твојата листа е што не се плеткаат во џеб и не ти требаат дополнителни кабли.
AirTag или Samsung SmartTag
Кога патуваш, нема ништо попрактично од тоа во секое време да знаеш каде се твоите најважни предмети. За корисниците на Apple, препорачуваме AirTag како совршено решение за следење на твојот багаж во реално време. Интегриран со Find My мрежата, ќе ти обезбеди сигурност и брзо лоцирање, каде и да се наоѓаш.
Додека пак за Samsung Galaxy корисниците, Samsung SmartTag е идеален избор, со слични функции и интеграција во SmartThings Find, што го прави лесен за користење и сигурен за следење на предметите во движење.
ГоПро, 360° камера или статив за телефон
Можеби не се на листата на приоритети при патување, но ќе се согласите дека авантурите се уште позабавни кога се документираат, за да може засекогаш да ни останат во паметење. Затоа нашиот следен предлог се мини tripod или стабилизатор за телефон кој може да ја зголеми шансата за да направиш професионална фотографија, па и да постигнеш поголема популарност на социјалните мрежи. А доколку претпочиташ видео содржина тогаш избери GoPro или 360° камера за да го доловиш секој момент.
Универзален адаптер за патување
Ако патуваш на места каде напојувањето со електрична енергија варира, универзалниот адаптер за патување е одличен избор. Со различни влезови и излези, овој гаџет ќе ти овозможи да го користиш својот мобилен телефон, лаптоп или други уреди без разлика на типот на приклучок. На овој начин нема да треба да се грижиш за несовпаѓање на приклучоците кога патуваш на различни дестинации.
Lifestyle детали како придружба во авантурата
Додека уживаш во кафе во познато кафуле во градот кој го посетуваш, уживаш на плажа покрај море или си на журка под отворено небо, стилот и практичноста секогаш имаат своја вредност. За максимално уживање еден таков избор е Crystal Bar за модерно vape решение кое комбинира елегантен дизајн и практична употреба, совршено за секој момент кога сакаш да се опуштиш.
Еvapify, како lifestyle бренд посветен на иновации, нуди паметни и преносливи уреди кои лесно се вклопуваат во секоја урбана авантура.
Овие неколку гаџети можеби не се на прво место на твојата „to do pack“ листа, ама дефинитивно се на оние неколку без кои не сакаш да заминеш на авантура.
Бидејќи технологијата постои за да ни го олесни животот, искористи ја оваа практична листа за твојата следна авантура.